(ФОТО) Габриела – „Злобничка“ се соблекла како од мајка родена и го покажала занесното тело:„Сакам да сум гола!“

Габриела Спаниќ, глумица и пејачка од Венецуела, најпозната по главната улога во тв новелата „Злобничка“, се сликала гола за да ги најави претстојните настапи ширум Америка.
„Сакам да сум потполно облечена или потполно гола. Не сакам ништо половично“, ја цитирала Мерилин Монро во описот на фотографијата на Инстаграм.

Славната Габи, која има хрватски корени, има долга историја кога станува збор за провокативни фотографии. Таа не се срамела на врвот на славата да го покаже телото со кое ја освоила титулата Мис на Венецвуела, а потоа продолжила во светот на глумата и музиката.