Холандската полиција употреби сила и водени топови за растурање на протестите во центарот на Хаг против владините рестриктивни мерки за сузбивање на епидемијата на коронавирусот во пресрет на изборите во земјата, пренеса холнадската информативна мрежа NOS.
Хашката полиција објави на Twitter дека распоредила специјални сили за сузбивање на безредија откако претходно неколку стотици демонстранти останале да пркосат на повторените повици да си заминат и да го прекинат неодобрениот протест во пресрет на тридневното гласање на општите избори.
Засега е потврдено дека е приведен еден демонстрант поради напад со шипка врз полициски службеник. Уште непознат број демонстранти со уапени во акцијата на полицијата, којашто покрај водени топови за растурање на протестот употребила и палки и кучиња.
Пред растурањето на протесниот собир, на кој како што извести полицијата учесниците не се придржувале до епидемиолошките мерки, демострантите носеле пораки со написи на холански „Љубов и слобода: Не диктатура“. Исто така, многумина носеле жолти чадори, какви што често носеа деонстрантите на протестите против мерките на затворање кои ги воведе холандската влада последните неколку седмици.
Полицијата уште пред закажаниот почеток на настанот објави на Twitter дека е постигнат максималниот број учесници, околу 200 на одредениот простор. Меѓутоа, по твитот на полицијата стотици други лица пристигнале на местото, што ги принуди властите да ги запрат сите железничките линии кон Хаг, за да спречат повеќе лица од околината да допатуваат во градот.
Последните неколку седмици во главниот град Амстердам и во неколку поголеми градови се одржуваа протести против рестриктивните мерки, кои редовно завршуваа со помали судири со полицијата.
Револтот кон мерките за „затворање“ ја одразува зголемената нетрпеливост и нервоза кај дел од холандското општество кое гиби приходи или работни места поради неработењето на многу дејности, како што се баровите, рестораните, музеите и другите културни институции кое без трае од средината на ланскиот октомври. Но и покрај „локдаунот“, бројот на дневните зарази со коронавирусот во Холандија е константно висок, а досега во пандемијата се потврдени над 16.000 смртни исходи од Covid-19.
Истовремено партиите се огласуваат преку медиумите барајќи поддршка од сѐ уште неодлучните гласачи, и мерејќи ги можностите за коалицирање пред формирањето на следната влада.
Во телевизиското шоу емитувано во неделата на националниот радиодифузер NPО1, лидерот на дмохристијаните Вопке Хоекстра изјави дека би сакал да да продолжи да е дел од четирипартиската коалициска влада, предводена од премиерот Марк Руте. Руте на тоа возврати дека демохристијаните се најприродниот партнер на неговата за неговата конзервативна Народна партија за слобода и демократија.
Коментарите навестуват можен уште еден долг процес на формирање на следната коалициска влада по завршување на тридневното гласање поради епидемијата на коронавирусот до средата вечер.
Рекордни 37 партии и коалиции учествуваат на изборите за 150-те мандати во долниот дом на холандскиот на парламентот. Партијата која ќе освои најмногу мандати ќе првата којашто ќе ги започне преговорите за следната коалиција, меѓутоа со мноштовото партии коишто според анкетите ќе изборат место во парламентот ќе биде многу тешко да се формира стабилно мнозинство.
Испитувањата на јавното мнение покажуваат дека партијата на Руте ќе освои најголем број пратеници. Со тоа тој ќе биде во позиција да ја формира својата четврта коалициска влада и да стане премиер со најдолг стаж во историјата на Холандија.
Одреден број избирачки места же бидат отворени во понеделникот и вторникот, во прв ред за да им се овозможи да гласаат лицата од ризичните групи поради пандемијата. Среда е главниот ден на гласањето и се очекува резултатите да бидат познати уште истата ноќ или најдоцна во четвртокот претпладнето.