
Премиерот на Словенија, Роберт Голоб, е во врска со 20 години помлада девојка Тина Габер, поранешна мисица.
Двојката, како што објавија словенечките медиуми, се појавиле на доделувањето на Прешерновите награди во Љубљана.
Убавата Габер не ѝ е непозната на словенечката јавност. Таа е поранешна „Miss Hawaiian Tropic“, ТВ водителка, инфлуенсерка и поранешна лобистка.
Тина Габер претходно била во врска со пејачот Јан Плестењак, а се забавувала и со поранешниот словенечки министер за транспорт и врски, Патрик Влачич.