Покрај невремето, заладувањето донесе и неколку снегулки на висорамнините во Словенија.
Камерата на Кредарица каде моментално температурата е над нулата, улови краткотрајни снежни врнежи.
Студениот фронт донесе заладување, утринските температури ќе бидат од 7 до 12 степени, во замрзнатите предели на Нотрањска и по одделни алпски долини околу 5 Целзиусови степени, предвидуваат метеоролозите на Агенцијата за животна средина (Арсо).
На највисоката метеоролошка станица во Кредарица моментално е еден степен над нулата, а камерите уловија и краткотрајни снежни врнежи, јавуваат словенечките медиуми.