(ФОТО и ВИДЕО) Протест за Македонија во Швајцарија, Франција, Италија и Германија

Во исто време, во ист час беа во саботата беа координирани протести на Македонците во Швајцарија, Франција, Италија и Германија.

Соочени со актуелната политичка ситуација, во која Македонија се наоѓа пред свршен чин на дотолчување и преименување, Македонците во Швајцарија организираа мировен протест кој е продолжение на „Заедничка Македонија” и воедно се надоврзува на „Ние сме Македонија”.

„Да бидеме што помногубројни и единствени, бидејќи за Македонија се работи“, порачаа тие.

„Македонија не е сама, до последен здив додека нашите срца чукаат, мислата е со неа. Да ја браниме и одбраниме“, велат тие и додаваат: „Тој шчо не си ја љубит татковината, не е чесен чоек…”.

Македонците од Франција и Германија, кои живеат и работат во Париз и Берлин, денеска излегоа на мирни протести за да го изразат своето негодување и непрфаќање на погубните политики на актуелната власт.

Целта на мирните протести е стопирање на преговорите за името, но и против воведувањето на двојазичноста, договорот со Бугарија и како што велат предавството на Македонија која го прави актуелната влада.