Неколку стотици демонстранти кои искажуваат поддршка за рускојазичното население во Украина и за Русија со стотици автомобили манифестираа во неделата во северниот германски град Хановер каде биле пречекани од исто така неколку стотици лица кои ја поддржуваат Украина, а иста манифестација била забранета во Франкфурт, пренесува Bild.
Во Хановер во манифестацијата учествувале околу 600 лица со 350 автомоби, пишува весникот. Настанот се одвивал под слоганот „Против поттикнувањето етничка омраза, притисиците и дискриминација врз руското население“. Учесниците носеле знамиња на Русија и на Германија, но и на Казахстан и други земји од поранашената Заедница на независни држави.
Во Франкфурт градските власти забраниле слична манифестација со автомобили, но дозволиле поворка под слоганот „Против омразата и дискриминацијата на сограѓаните кои зборуваа руски/ Против војната – За мир“. Според Bild, на овој настан се собрале „две-триста“ луѓе.
Како и во Хановер, и во Франкфурт било забренато истакнување симболи или слогани кои би можело да се протолкуваат како поддршка за воената операција на Русија во Украина.
Минатата недела се одржа помасовен собир во германската престолнина Берлин, на кој со руски и советски знамиња се протестираше против дискриминација на рускојазничните граѓани. Организаторите на тој собир потоа се огласија дека се соочиле со големи закани поради митингот.