(ФОТО) Иран првпат ги употребил новите ракети за нападот во Ирак

Во нападот на воздухопловната база Аин ал-Асад во ирачката покраина Анбар во која се сместени американски војски, Иран првпат ги користел своите најнови ракети со повеќекратни боеви глави, објави во средата иранската новинска агенција Tasnim на која ѝ биле претставени поединостите од синоќешниот одмазнички напад.

Според податоците доставени до Tasnim, воздухопловните сили на елитниот Курпус на гардата на исламската револуција (IRGC), ги користеле новите балистички проектили „Fateh-313“ и „Qiam“,со дострел од 500 и од 800 километри, во одмазничкиот напад поради американското убиство на влијателниот командант на специјалните сили Ал Кудс, генералот Касем Сулејмани.

Во извештајот на агенцијата се истакнува и дека американскиот противоздушен систем во базата Аин ал-Кудс, не успеал да пресретне ниедна ракета лансирана од територијата на Иран.

Ракетите со повеќе боеви глави кои се распрскнуваат „Qiam“, исто така, биле опремени со систем за попречување на непријателските радари, Во материјалот на Tasnim се тврди дека Иран првпат употребил ваков вид ракети во воена операција.

Истовремено во средата американската агенција Bloomberg објави сателитски снимки, на коишто наводно се забележуваат последиците од ракетниот напад врз базата Аин ал-Асад, и на кои може да се видат и столбовите кои се издигнуваат по експлозиите.

Според агенцијата, Иран користел наведувани проектили, поради тоа што Техеран намерно извел напад така да не настрадаат Американците кои биле во базата.

Неименувани ескперти, чиишто оцени ги пренесе агенцијата Reuters, исто така, сметаат дека Иран намерно ги промашил целите за да се избегнат жртви и да се спречи ескалацијата. „Сакаа да одговорат, но речиси сугурно е дека не сакале ескалација“, рекол анонимен американски извор.