(ФОТО) Катица Јанева во ‘Шутка’, на ѕид во келија

Цртеж од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се наоѓа на ѕид од една ќелија во затворот во Шуто Оризари.

Телевизија Телма, која во неделата сними репортажа за условите во затворот, налета и на овој цртеж.

Како што пишува телевизијата Јанева се наоѓа меѓу повеќе дами во бикини, меѓу кои и познатата поп пејачка од албанско потекло Рита Ора.

Во притворот во Шутка има неколкумина кои се осомничени во истраги на СЈО.