ФОТО: Кралот од Гана, управува преку скајп и продава овошје во германски супермаркет

Во родното место тој е крал, почитуван, сакан, но во Германија е само работник кој продава тропско овошје.

Диди де Графт е крал на една провинција во Гана, но наместо за живее во родното село, тој живее во германскиот град  Билефелд, каде е само обичен работник кој продава овошје во локалниот супермаркет.

kinggana

Но, преку телефонски разговри или преку „скапј“ тој управува со своето кралство, донесува пресуди, казнува криминалци, а ако треба да се донесе важна одлука, тогаш патува за Гана, каде го дочекуваат кралски, пренесува Дојче Веле.

Тој е крал, амбасадор, судија, поглаватар, а сето тоа го прави преку телефон.

kralposkype

Тој вели дека неговиот народ работи за него кога тој не е таму. Провинцијата брои околу 3.000 жители, а тој управува со неа без паричен надоместок. Станал крал во 2009-та година, кога чичко му му го предал тронот.

Тој е женет за Германка, која целосно го поддржува. И иако е крал во Гана, планира да остане во Германија.

kralisopruga

Со неговата сопруга планираат да постават водоводна и канализациона мрежа кои се реткост во Гана.

Во маркетот пак дури ја користат неговата фотографија за да привлечат клиенти, „Имаме вистински крал тука“, стои на вратата.

kralovosje

Колегите и купувачите велат дека тој е многу љубезен и скромен, секогаш насмеан, и се среќни што имаат можност да разговараат со еден африкански крал, бидејќи како што велат за Дојче Веле, тоа е вистинска реткост.