Во еден глас во саботата напладне учениците поддржани од нивните родители и наставници протестираа против политиките на министерката за образование и наука Мила Царовска, во Битола, Тетово, Прилеп, Кочани, Кавадарци, Македонска Каменица, Куманово и Радовиш каде масовен број на родители и ученици излегоа поради незадоволството од оваа реформа.
Револтирани ученици и родители денеска точно напладне излегоа на протести низ целата земја поради најавата за дигитализација во образованието и укинување на учебниците.
Освен во Скопје каде се одржа главниот протест, денеска се протестираше и во повеќе градови низ земјата.
Инаку тие се гневни и поради фактот што веќе во графата за родители на децата не стојат мајка и татко, туку родител 1 и родител 2.
Од пред Владата на Македонија предводничката на иницијативата, Драгана Спасевска истакна дека институциите не сакаат да ги слушнат нивните барања.
„Тргнете ја вашата лоша политика, на страна до нашите деца. Баравме, бараме и ќе бараме задолжително учество на претставници од граѓанскиот сектор во работна група кои ќе работат на новиот Закон“, порачуваа.