
Мирослав Шкоро објави „прашање на денот“ за апостолите на Исус, а одговорот е неговиот број на гласачкото ливче, но и Милановиќ го прекрши изборниот молк.
Но, како што наведуваат хрватските медиуми, случајот со Милановиќ е помалку експлицитен.
Тој на Фејсбук објави фотографија од себеси на избирачкото место и напишал:
„Како го поминувате ова дождливо утро?“
Шкоро на Фејсбук објави „прашање на денот“ чиј одговор го дава неговиот број на гласачкото ливче. Прашањето е „Колку апостоли НЕ го предадоа Исус?“.
– Заокружете го точниот одговор по светата миса!, напиша Шкоро.