Португалскиот менаџер на лондонски Тотенхем, Жозе Мурињо, заработи во средата на првенствениот натпревар против Саутемптон невообичаен жолт картон, бидејќи ѕиркаше во бележникот на член на тренерскиот тим на противникот.
„Постапив неубаво и дефинитивно го заслужив жолтиот картон, но се однесував грубо како идиот. Мислам дека тој го заслужи. Имаше причина за ова. Јас нема да кажам, но има причина. Арбитарот ми покажа картон, јас ја прифаќам неговата одлука, рече Мурињо на прес-конференцијата по натпреварот“, ја коментираше Мурињо својата постапка на прес-конференцијата по мечот во кој неговиот тим беше поразен со 0:1.
Мурињо го презема Тотенхем на 20-ти ноември, и под негово водство тимот во деветте натпревари во англиското првенство впиша пет победи со едно реми и три пораза.
Во следното колома 11-ти јануари, Тотенхем го пречекува лидерот на табелата Ливерпул, но претходно на 5-ти јануари ќе иге со Мидлсборо, кој е на 16-то место во втората дивизија а има четири обеди во низа, во рмајите на 1/32 финалето од Купот на Англија.