Ниту лошото време не ги спречи поддржувачите на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и денеска, 37-ми ден по ред, во голем број да излезат на скопските улици и да порачаат „НЕ“ за Тиранската платформа и „НЕ“ за Претседател на Собранието кој не ја осудил и не се откажал од истата.
Во Македонија ќе работи влада со програма создадена тука и програма за која гласале граѓаните на избори. Доколку некој сака после избори да наметне друга програма создадена во друга држава, која води кон поделба на државата, имаме една работа да му порачаме „Ќе има нови избори каде што граѓаните ќе ја одберат својата иднина“.
Ова на денешниот протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје го порача Богдан Илиевски, член на иницијативата.
На протесто се обрати и Генералот Митре Арсовски, кој рече дека многумина и се заканувале на Македонија, но не успеале, а нема ниту да успеат.
– Гордо звучи името Македонец, Македонија. Ако тоа го изгубиме треба да си плукнеме в лице сите, посочи Арсовски.