(ФОТО) Новак Ѓоковиќ на одмор во Црна Гора, позира со персоналот од ресторанот

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ одлучил својот одмор да го помине во Црна Гора.

Тој исто така престојувал и на Свети Стефан, а потоа отишол во еден ресторан каде бил фотографиран со персоналот.

Ѓоковиќ се фотографирал со вработените во ресторанот, кои фотографијата со тенискиот ас ја споделиле на социјалните мрежи, со видливо воодушевување.

Ѓоковиќ, по освојувањето на титулата на Вимблдон во неделата, одлучил да го посети црногорското крајбрежје.

Тенисерот ја посетил црквата на Свети Стефан, каде што се венча пред седум години, а вчера решил да сурфа во градот Љута во Бокакоторскиот залив.

ФОТО: Инстаграм