Американскиот претседател Барак Обама со своето семејство го прослави денот на Мартин Лутер Кинг служејќи храна на бездомниците и на сиромашните во една кујна.
Обама заедно со сопругата Мишел и ќерките Наташа и Малиа Ан служеше во „Централна кујна“ и на тој начин му оддадоа почит на Мартин Лутер Кинг.
„Сакам да ви се заблагодарам на сите за огромната работа која ја вршите“, им рекол претседателот на останатите волонтери во кујната.
Со слична хуманитарна акција денот на големиот борец за човекови права го одбележа и потпрестедателот Џо Бајден, а министерот за финасии Џек Лоу помагал да се спакува облека за воени ветерани кои го изгубиле домот.