(ФОТО) Побеле реката Брегалница кај Штип

Побелеа водите на реката Брегалница по течението кај Штип. Први белата река со мирис на хемикалија ја забележаа граѓаните, кои попладнево се најдоа во делот меѓу наслебите Сењак и 8 Ноември кај пешачката патека. Фотографиите се сликани вечерва по 18.30 минути, кај новиот челичен мост, јави ММС.мк.

Додека се споделуваа фотографиите по социјалните медиумите, Брегалница побеле и на другиот крај од градот, во Ново Село. Екипи на Крим техника на СВР Штип се на терен, како и риболовците од Риболовното друштво.

Засега нема одговор од надлежните институции што ја побеле реката. Дали и овој пат ќе се чека да дојде новиот работен ден, па инспекторите да излезат на терен?

Инаку, не е прв пат Брегалница да побелува. Пред два-три месеци, бели води беа забележани во Берово. Кога рибиловците алармирале кај инспекторот и побарале да излезе на терен, им било одговорено дека е петок попладне и завршил работниот ден.

До сега речиси никогаш не се расчистуваа еколошките инциденти, а виновниците ретко се наоѓаат.

Фото:ММС.мк