ФОТО| Пожар во казино во Ѓорче Петров

Густ чад се издигна над дел од скопската населба Ѓорче Петров, откако утринава избувна голем пожар во казино. Противпожарните екипи се на терен и работат на локализирање на пожарот на булеварот „Ѓорче Петров“.

Од МВР велат дека пожарот кај нив е пријавен во 10:10 часот, а на терен се излезени екипи.