Олимписките игри во Сочи, ќе останат запаметени како најскапите игри во историјата, чинат неверојатни 50 милијарди долари.
Најголем дел од средствата се потрошени да се трансфорира градот во модерен спортски центар кои ќе ги има сите услови за зимските спортови. Градењето на олимпиското село траеше 11 месеци, а покрај спортските тересни се градеа и луксузни хотели, ресторани и трговски центри.
Оваа „пред и потоа“ галерија на Ројтерс покажува како се смени ликот на Сочи за престојната олимпијада. Фотографирано е селото Краснаја Полјана во февруари минатата година и сега, неколку дена пред церемонијата на отворање на 22-те Зимски олимписки игри.
Улиците конечно добија асфалт.
Се изградија луксузни згради.
Се градеше со брзо темпо.
Хотелите се подготвени за туристите за ЗОИ.
Селото доби и нов, голем и модерен трговски центар.
Дури и куќите во кои живееа работниците кои го градеа Сочи добија нови фасади.