(ФОТО) Преку оглас се продаваат „мерцедеси“ сликани во претседателската резиденција

На интернет огласникот „Реклама 5” се нудат за продажба возила од марката „мерцедес“ кои се фотографирани во дворот на резиденцијата на претседателот на државата.

Како што пишува порталот Експерс.мк, според фотографиите се работи за возила од приватна агенција за рент–а– кар, односно за изнајмување на луксузни автомобили.

Од огласот извираат две дилеми:
1. Кој дозволил фотографирање на приватни возила за реклама за продажба во
резиденцијата на шефот на државата.
2. Дали тој што фотографирал добил дозвола од кабинетот на претседателот за снимањена реклама во државната резиденција
3. Дали кабинетот на претседателот пред тие да бидат сликани ги изнајмил луксузните
возила за свои потреби
4. Ако немало изнајмување на возила како воопшто возилата влегле во резиденцијата на претседателот односно дали влегле само за да бидат фотографирани

За да се увиди нивото на скандалот читателите треба да замислат случај во кој некоја
американска агенција нуди на продажба луксузни возила фотографирани во дворот на
Белата куќа, пишува Експрес.мк