Големите езера на границата меѓу САД и Канада замрзнаа речиси целосно за прв пат во 20 години. Овој феномен е последица на новиот студен бран што ја зафати Северна Америка, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на американските власти.
Дури 87 отсто од површината на езерата е покриена со мраз.
За последен пат сличен феномен е виден во 1994 година. Тогаш биле замрзнати 94 отсто од површината на езерата.
Замрзнувањето на Големите езера сепак е нешто повеќе од чудна медиумска вест. Тоа може да помогне за обновување на водните резерви, како и да помогне за зачувување на некои животински видови.