ФОТО| Сопственичката на најубавиот задник си го осигури на два милиона евра

Претходно годинава 35-годишната поранешна бразилска манекенка Нејти Кихара победи на изборот за убавина „Мис Бум Бум“ добивајќи ја ласкавата титула сопственичка на најдобриот задник, а оваа мајка на две деца набрзо одлучи дека „најважниот дел“ од нејзиното тело треба да го заштити и го осигури на два милиона евра.

Убавицата, којашто ја освои посакуваната титула веднаш по породувањето, уверува дека нејзината и повеќе од атрактивна фигура е резултат на напорните тренинзи. Сепак, Нејти сѐ уште е незадоволна од резултатот. Имено сега нејзината „петта димензија“ изнесува 126 сантиметри во обемот, а таа се стреми да достигна 130 сантиметри, пишува The Daily Star.

„Станав славна поради мојот задник. Тој е најголемиот во Брзил. Така, фер е да биде осигуран“, рекла Нејти

Во моментов моделката е посветена на воспитување на своите деца, деветгодишниот син и ќеркичката која ја роди на почетокот од 2021 година. Нејти се надева дека нејзиниот пример ќе ги иснпирира другите мајки, особено оние коишто имаат проблеми со самодовербата.

Во меѓувреме стасува и да го успешно да го одржува својот профил на Instagram на кој редовно ги прикажува предностите од нејзината фигура, а веќе го следат 590.000 корисници.