ФОТО: Што бараше Ременски на протестот „За заедничка Македонија“ со полициска моторола?

Сопругот на Фросина Ременски од СДСМ, Јовче Ременски можеше да се забележи на денешниот масовен протест на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, покажува оваа фотографија испратена до нашата редакција.

Прашањето кое се поставува е што бараше Ременски на протестот на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ со полициска моторола?

Дали сопругот на Фросина Ременски ја злоупотребува позицијата која ја доби во МВР од техничкиот министер од СДСМ Оливер Спасовски за да ги следи граѓаните од За заедничка Македонија, кои веќе 44 дена мирно и достоинствено застануваат на браникот на татковината.

jovce-3

Присуството на Ременски беше забележано и од Граѓанската иницијатива, која му порача дека е добредојден кога сака, да види колку ги има и да помисли колку можат да бидат.

-Денес меѓу нас беше и сопругот на Фросина Ременски, Јовче Ременски со полициска моторола. Следеше тука се „шуњаше“ меѓу нас. Добро е што дошол, има што да види, горд и освестен народ. Јаден Јовче, не ти се плашиме, такви удбашки финти продавај си во Тиранската коалиција, можеби кај нив ќе поминат, овде меѓу нас не. Добредојден си кога сакаш, да видиш колку не има и да се помислиш колку може да бидеме, рече Богдан Илиевски пред присутните.

jovce-4

Додека беше технички министер во МВР, Спасовски на ден пред Нова Година скандалозно го унапреди Јовче Ременски за четири нивоа.

Без никаков интерен оглас, Спасовски одлучил спротивно на Законот за внатрешни работи да го унапреди сопругот на неговата сопартијка за цели четири позиции. Јовче Ременски од самостоен инспектор во полициската станица Гази Баба со 720 бода бешее распореден на позиција генерален советник –  инспектор во Кабинет на УБК со 1050 бода, што беше незаконски скок од четири нивоа, односно рушење на целиот систем за кариера во МВР.