Петре се крие, дивата надградба сама се открива! Ова се фотографии од семејната зграда на Петре Шилегов направени вчера. Тука најдобро се гледа линијата до каде бил кровот, се гледа линијата над до каде бил сртот, што е над тоа градено. Реконструкција значи задржување на обемот, висината, ширината и должината на објектот. Ова тука е надградба. А за тоа Петре Шилегов нема дозвола, истакна на денешната прес конференција, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека надградба без дозвола е криминал! Посочи дека фотографијата која ја презентираше покажува менување на габаритот на објектот, во споредба со неговите соседи од лево и од десно на зградата на Петре Шилегов.
„Наместо кровна конструкција- цел спрат! Тоа може да доведе до опасност по животот, на домашните, на соседите и на нивниот имот. Но инспекторите молчат и се кријат. Ги нема на терен единствено кај градоначалникот на Скопје во заминување Петре Шилегов. Инспекторите молчат, дивоградбата зборува сама за себе“, рече Стоилковски.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ појасни дека Шилегов без дозвола крена замок во Карпош, ја зголеми вредноста на зградата за 100тина илјади евра, се тоа со познати фирми, а никој, ама никој од надлежните не се заинтересира.
„Списокот е долг, и секој ден се надополнува со оние кои што со молк и со дела стануваат алка во злосторничко здружување! Нема ништо полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов“, додаде Стоилковски.