
Тешка сообраќајна несреќа се случи вечрва во населбата Ѓорче Петров во Скопје.
Како што пренесува Курир.мк, возило марките „пасат“ и „сеат леон“ се судриле на раскрсницата меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонска војска“ во близина на „СП Планет“.
Полицијата во моментов врши увид на местото на настанот. Засега нема информации за настрадани.