Со звуците на валцерите на Јохан Штраус синоќа во хотелот „Алекснадар Палас“ беше отворен 15-тиот Виенски бал во Скопје.
Дами во гламурозни свечени фустани и господа во отмени костуми дефилираа на балот што традиционално го организираше Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“.
Меѓу присутните можеа да се видат политичари, бизнисмени, тв лица, професори, новинари…