![francija koronavirus luge vo redica](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/08/francija-koronavirus-luge-vo-redica.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Повеќе од две третини од Французите ќе мора од петокот во текот на вечерите и ноќите да остануваат во своите домови поради проширувањето на важењето на мерката полициски час на голем дел од територијата во рамките на борбата против вториот бран од коронавирусот, објави во четвртокот премиерот Жан Касекс.
Со ова проширување од вкупно околу 67 милиони Французи, околу 46 милиони од нив ќе мора да го почитуваат полицискиот час кој ќе трае од 21 часот навечер до 6 часот наутро следниот ден.
„Следните седмици ќе бидат тешки, а нашите болнички служби ќе бидат изложени на големи предизвици“, предупреди премиерот Жан Касекс кој очекува „тежок“ ноември и зголемување на бројот на починатите во епидемијата од коронавирусот.
Досега полицискиот час се однесуваше на 20 милиони Французи, особено во големите градови, меѓу кои Париз и парискиот регион. Проширувањето на полицискиот час стапува на сила на полноќ од петок кон сабота и ќе трае следните шест седмици. Според оваа мерка, кафулињата, рестораните и продавниците ќе се затвораат во 21 часот.
По првиот бран во кој пролетва починаа повеќе од 30.000 луѓе, Франција последните неколку седмици се соочува со вториот бран од епидемијата од новиот коронавирус. Вкупно во земјата починале повеќе од 34.000 луѓе, а 2.239 пациенти се на реанимација, најмногу од мај.
„Ако заедно не успееме да ја запреме епидемијата, ќе бидеме соочени со драматична ситуација и мораме да разгледаме многу построги мерки“, појасни премиерот Кастекс.
Пролетва Франција два месеца траеше општиот карантин. Владата сега, пак, планира да покрене мерки за ограничување на движењето, собирите и отворањето на објектите најмалку до 1-ви април 2021 година на целата или на дел од територијата зависно од епидемиолошката состојба, според планот од предложениот закон.
Франција не е единствената земја којашто повторно е зафатена од епидемијата. „Цела Европа е погодена“, исткана во четвртокот францускиот министер за здравство Оливие Веран пред претениците наведувајќи ги како пример Чешка, Велика Британија, Велс, Ирска и Германија.