Франција го скусува интервалот меѓу втората и третата доза на четири месеци

Француските здравствени власти објавија во петокот дека го намалуваат периодот меѓу втората и третата доза од вакцините против коронавирусот на четири месеци, како и дека доказот за вакцинирање ќе биде неопходен за влегување на одредени места, во периодот кога омикрон варијантата станува доминантна.

Францускиот премиер Жан Кастекс изјави дека од јануари периодот меѓу втората и третата доза ќе биде скусено од пет на четири месеци. Додаде дека поголемите јавни забави и огнометите на новогодишната ноќ ќе бидат забранети и препорача луѓето, дури и вакцинираните, самоиницијативно да се тестираат пред собирите на забавите.

За да го зголеми притисокот врз граѓаните да се вакцинираат, владата на почетокот од следната година ќе го претстави нацрт-законот според кој луѓето ќе мора да бидат вакцинирани за да влезат во срестораните или за да го користат јавниот транспорт на долгите релации. Според моменталните прописи, неодманешен негативен резултат од тестирањето може да служи како здравствена пропусници, дури и без вакцинирање.

„Не можеме да дозволиме одбивањето на малцинството Французи да се вакцинираат да влијае на живото на целта земја“, изјави Кастекс во обраќањето емитувано на телевизијата.

Премиерот додаде дека поради брзото ширење на омикрон варијантата во Велика Британија од сабота нема да бидат дозволени патувања од оваа земја во Франција, освен доколку патниците се Французи, имаат француски партнер или постојан престој во Франција.