Францискиот претседател Емануел Макрон објави во саботата на Twitter дека дваесет милиони луѓе во Франција добиле барем една доза од вакцината против Covid-19.
Веста на социјалните мрежи покрај претседателот Емануел Макрон ја сподели и премиерот Жан Кастекс.
„Дваесет милиони вакцинирани Французи“, напиша на Twitter пемиерот Кастекс, заблагодарувајќи на оние кои се мобилизирале за да се достиигне оваа цел.
Вкупно 20.086.792 луѓе добиле една доза од вакцината против коронавирусот, а 8.805.345 двете дози, од вкупно 67-милионското население на Франција.
Претходно француската влада си постави цел до половината на мај 20 милиони граѓани да ја добијат првата доза, по многу бавниот почетокот на кампањата на масовна имунузација. Сега ја отвори програмата за вакцинирање за поширок број луѓе.
Франција според најавите во среда треба да ги олесни епидемиолопката мерка и ќе ги отвори дуќаните, терасите на угостителските локали и културните инстутуции, како музеите, кината и театрите, но со намалени капацитети. Полицискиот час повеќе нема да започнува од 19, туку од 21 часот.