Францускиот премиер Жан Кастекс изјави во понеделникот дека владата на брзото ширење на омикрон варијантата на коронавирусот ќе одговори со скусување на времето за примање на третата доза од вакцините од четири на три месеца, но дека за дочекот на Новата година нема да има полициски час.
Кастекс, исто така, рече дека следните три седмици, почнувајќи од понеделникот, сите јавни собири ќе бидат ограничени на 2.00 лица за настани во затворени простори, а на 5.000 лица за настани на отворено.
Консумирањето пијалаци и храна ќе бидат забранети во комерцијалниот сообраќај на подолгите реалции, како и во кината, додека работата од дома ќе биде задолжителна барем три дена седмично кога е тоа можно, рече Кастекс.
Владата, исто така, донела одлука носењето маска да стане задолжително и на отворните простори во центрите на градовите.
„Знам дека изгледа како филм без крај, но пред една година започнавме кампања на вакцинирање, а сега сме една од најдобро вакцинираните и најдобро заштитените нации“, рече Кастекс на прес-конференцијата по состаникот на неговата влада.
Францускиот премиер додаде дека владините планирани пропусници за коишто ќе биде потребен доказ за вакцинираност а не само негативен тест, ќе стапат на сила од 15-ти јануари, доколку парламентот го одобри владиниот нацрт-закон.
Кастекс, исто така, рече дека храната и пијалоците во кафеата и рестораните мора да се консумираат седејчки а не стоејќи.
За разлика од другите земји кои го одложија враќањето на учениците во клупите, француските училишта повторно ќе бидат отворени на 3-ти јануари, како што беше планирано, додаде Кастекс.
Потврди дека стапката на инциденцата на Covid-19, односно бројот на зараени на 100.000 жители во една седмица, сега е поголема од 700 и оти е на рекордното ниво од почетокот на пандемијата во февраури 2020 година.