
Франција ќе учествува во воздушните напади врз исламистите од Исламска држава во Ирак, но во Сирија ќе дејствуваат на поинаков начин, пишува МИА.
– Во Ирак ќе учествуваме во воени дејствија од воздух, ако е неопходно. Но, во Сирија ситуацијата е поинаква, изјави францускиот министер за надворешни работио Лоран Фабиус во говор пред студенти на Академијата за политички науки во Париз.
– Дел од медиумите велат дека Франција е подготвена да дејствува во Ирак, но не и во Сирија. Не! Ние треба да дејствуваме и во двата случаја, но не на истиот начин, изјави министерсот.
Фабиус додаде дека сирискиот лидер Башар Асад не може да биде партнер во борбата против Исламска држава во Сирија бидејќи тој е соучесник со џихадистите.