Влијателниот крајно десничкарски коментатор Ерик Земур изјави во вторникот дека ќе се кандидира на претседателските избори во Франција следната 2022 година, потврдувајќи ги своите политички амбиции откако со седмици доминираше на насловните страници со провокативни коментари за имиграцијата.
Земур, поранешен новинар кој е осуден за поттикнување на омраза, стана главен кандидат којшто ќе ја предизвика Марин Лепен, челничката на одамна етаблираното крајно десничарско движење Национален собир, за пласирање во вториот изборен круг против актуелниот француски претседател Емануел Макрон.
„Долго бев задоволен со улогата на новинар…, но повеќе не верувам дека политичарите ќе имаат храброст да ја спасат земјата од тргичната судбина којашто ја чека. Затоа решив да се кандидирам на претседателските избори“, рече Земур во видеопораката објавена на социјалните мрежи.
Неговата тврдолиниска критика на исламот и имиграцијата го претстави како поларизирачка фигура во француското општество, привлекувајќи поддршка од избирачката база на Лепен и главната конзервативна десница, но и го оттуѓи од другите гласачи во Франција.
По метеорскиот раст на популарноста во истражувањата на јавното мнение изминатие седмици, со неколку анкети во коишто се предвидува дека ќе влезе во вториот круг од претседателските избори, популарноста на Земур, сепак, опаѓа. Во оваа фаза, повеќето анкети предвидуваат дека во вториот крај во април следната година ќе бидат Макрон и Лепен, и оти Макрон веројатно би победил повторувајќи ја ситуацијата од изборите во мај 2017 година, која центристот вообичаено ја доби поддршката од социјалистите и конзервативците против кандидатката на крајната десница.
Меѓутоа, Земур е охрабрен од фактот што последните седмици извесно време имаше предност пред Лепен во анкетите, а се проценува дека за второто место трката сѐ уште е неизесна ид ека има доволно време повторно да се промени до април.
„Досега ова беше загревање. Вистинската трка започнува“, се наведува во електронската порака на портпаролот на движењето „Пријатели на Ерик Земур“, испратена до неговите приврзаници и до медиумите пред објавувањето на видеото.
Во моментов кампањата на Земур е во застој по неколкуте различни инциденти. Еден се случи викендов, кога беше фотографиран како го покажува средниот прст на демонстрант по бурната кампања во Марсеј. Го тужеше и трачерскиот магазин Closer кој објави дека очекува дете со својата главна политичка асистентка.
Во истражувањата на јавното мнение, исто така, се покажува дека ги шокирал некои избирачи со провокативните коментари, од тоа дека децата не треба да добиваат имиња кои звучат странски до тврдењето дека француската влада која соработувала со нацистите во текот на Втората светска војна ги штитела Евреите. Со тоа, како што наведуваат француските медиуми, наводно ја загубил поддрќката од некои влијателни приврзаници.
Земур, како што е најавено, би требало да се појави во главната информативна програма на телевизискиот канал TF1 во вторникот вечерта, што е традиционален настап на претседателските кандидати.