Француските пекари го испекоа најдолгиот „багет“ на светот долга 140,53 метри, превземајќи го рекордот од Италија, која го држеше рекордот пет години.
Традиционалниот француски леб, околу 235 пати подолг од традиционалниот, беше произведен во Сурене во предградието на Париз за неделниот настан на Француската конфедерација на пекари и слаткари.
Претходниот најдолг багет беше долг 132,62 метри и беше печен во Комо, во Италија, во јуни 2019 година.
За да го соборат тој рекорд, француските пекари почнаа да го прават тестото во 3 часот наутро пред да го стават во специјална рерна на тркала.
„Сѐ е потврдено, сите сме многу среќни што го постигнавме рекордот и што тоа беше направено во Франција“, изјави Антоан Ариго, еден од пекарите, откако рекордот беше потврден од судијата од Гинисовата книга на рекорди.
Дел од „багетот“ беше исечен и поделен во јавноста, а остатокот беше наменет за бездомниците.
Традиционалниот француски леб мора да биде долг околу 60 сантиметри, направен само од пченично брашно, вода, сол и квасец и да тежи околу 250 грама, според официјалните прописи.