Француските ракометарки ја освоија светската титула

Ракометарките на Франција ја освоија титулата светски првенки откако во финалниот дуел во неделата во Хамбург ја совладаа Норвешка со 23:21 (11:10).

За француските ракометарки ова беше петто финале и втора светска титула откако првпат славеа во 2003 година во Хрватска. Втори беа во 1999 во Данска и во Норвешка, и во 2009 во Кина и 2011 година во Бразил.

Норвежанките кон средината на првото полувреме имаа предност од три гола разлија (7:4), но на одмор се замина со предност на Французинките од 11:10. На отворањето на второто полувреме Франција во два наврата имаше предност од три гола (14:11 и 15:12), но Норвешка направи пресврт и стаса до предност од 18:17 и потоа 20:19. Но во самата завршница Франција со серијата од 4:1 го сврти резултатот и славеше со 23:21.

Најефикасни кај Франција беа Алисон Пино и Мано Ует со по четири голови, додека Норвешка ја предводеа Нора Морк и Вероника Кристенсен со по седум голови.

Во средбата за третото место Холандија со 24:21 ја совлада Шведска.