Валери Пекрес, којашто себеси се опишува како „третина Тачер, две третини Меркел“ ја освои кандидатурата на нејзината конзервативна партија Републиканци за француските претседателски избори пролетта 2022 година, објави во саботата партијата од десниот центар.
Анкетаите досега покажуваа дека 54-годишната сегашна челничка на парискиот арондисман Ил-де-Франс има поддршка од 11 отсто од гласачите пред почетокот на кампањата за претседателските избори во април следната година, што во моментов не ѝ дава шанси за влез во вториот изборен круг.
Пекрес, поранешна министерка за буџет и подоцна за високо образование во владите на поранешниот републикански претседател Николас Саркози, на предизборите освоила речеси 61 отсто од гласовите на сопартијците и конзервативно определените избирачи. Со победата на противкандидатот Ерик Сиоти стана првата жена кандидат во историјата на Републиканци, партија која до 2015 година се викаше Сојуз на народното движење (UMP).
Се оценува дека Пекрес би можела да ги провлече гласачите од десниот центар од кои ќе зависи политичката иднина на сегашниот претседател Емнуел Макрон, но ќе мора да ја бара и поддршката и од поконзервативните избирачи.
Неочекуваната кандидатура на крајно десниот политички коментатор Ерик Земур ги наруши прогнозите дека избрите во април ќе бидат реприза на преходните од 2017 година кога се соочија либералниот центрист Емануел Макрон и крајно десната лидерка Марин Лепен.
Иако е поумерана од конкурентот Сиоти, 54-годишната Пекрес и ннзините ривали скршнаа во десно по прашањето на имиграциите и јавниот ред и мир. Во кампањата вети преполовување на бројот на издадени дозвили за привремен престој за мигрантите кои доаѓаат надвор од ЕУ, заострување на казните во квартовите каде што полицијата е под притисока и забраните за жените да ги носат муслиманските прекривки за лицата и телата додека ги водат децата на учикишните излети.
Европското издание на весникот Politico сака да ја подигне возраста за пензионирање на 65 годин, како и дека ќе се отпуштаат вработени од јавниот сектор.