Фудбалерите на Барселона се вратија на тренинзи во базата на клубот

26

Фудбалерите на Барселона продолжија со тренинзи во базата на клубот, објави прес-службата на клубот на Твитер.

Исто така на страницата на каталонскиот клуб беше објавена фотографија од напаѓачот и големата ѕвезда на клубот Лионел Меси, кој изведува вежба со топка.

Се враќаме на работа, напишано е под фотографијата на Меси.

Претходно во текот на денот, сите играчи ги поминаа тестови за коронавирус и испаднаа дека се негативни.

Шпанското првенство е предвидено да продолжи на 14 јуни, а Барселона е прва по 27 одиграни со предност од два бода пред својот голем ривал Реал Мадрид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.