Фудбалски репрезентативец на Србија заразен со коронавирусот

Српскиот интернационалец Душан Влаховиќ има позитивен тест на коронавирусот, објави неговиот италијански клуб Фиорентина, во чие соопштение се додава дека играчот се наоѓа во домашна изолација и оти нема никакви симптоми.

„Клубот во моментов е во фаза на извршување на сите неопходни изолации во координација со регулациите, почнувајќи од идентификувањето на сите лица кои биле во конакт со фудбалерот“, се наведува во соопштението на „Виолите“.

Влаховиќ сезонава се избори за место во првиот тим на Фиорентина ио на 27 натпревари во сите натпреварувања постигна девет погодоци, со уште две асистенции.