Од 19-ти овој месец, Фондот за здравствено осигурување, обезбеди нови намалени цени за лековите од Позитивната листа. За да се се направи оваа ревизија, беа спроведени и рекорден број на преговори со 42 фармацевтски куќи, од октомври оваа година до денес.
Вкупните финансиски ефекти – заштеди во примарната здравствена заштита од оваа ревизија се намалување на трошоците за Фондот (88 милиони денари) и за осигурениците (31 милион денари), односно вкупните заштеди се во износ од околу 119 милиони денари годишно за целиот здравствен систем на примарно ниво.
Заштедите на осигурениците се јавуваат како резултат на намалени или укинати доплати за одредени лекови, но и поради намалување на партиципацијата што е случај кај 110 лекови.
„Постигнати се досега рекордни 299 генерики на лекови (терапии) од позитивна листа без доплата во аптеките како резултат на целокупниот процес по кој од сега вкупно 391 лекови по генеричко име од примарната позитивна листа досега 76,5 отсто од лековите за примарна здравствена заштите се обезбедени без доплата за осигурениците, наместо досегашните 73 отсто, што е највисок процент на вакви лекови досега. Вкупниот број на лекови по генерика со референтна цена се збогатува за 15 лекови. Од ФЗОМ најавуваат и нови 21 генерики (терапии) кои ќе им бидат достапни на осигурениците за прв пат без доплата и тоа за следните заболувања: дигесивни пореметувања, кардиоваскуларни заболувања, за тироида лек, антиревматски заболувања, аналгетици, антибиотици, антиинфектив за гинекологија и др“, рече на денешната прес конференција, директорката на ФЗОМ, Маја Парнаџиева Змејкова.
Со оваа годишна ревизија на референтни цени на лекови за 1035 лекови по заштитени, 85 отсто од лековите по заштитено име се без доплата или со минимална доплата (од 50 – 100 денари).
Утврдени се референтни цени за нови 20 лекови по генеричко име со фармацевтска форма и јачина, односно нови 110 лекови по заштитено име. Лековите од болничката позитивна листа се обезбедуваат преку здравствените установи и нивните цени немаат ефект за осигурениците. Овие цени се усогласени со новите единствени цени на лекови и со договорените пониски цени со фармацевтски куќи. Со тоа за сите лекови од болничката позитивна листа и за инсулините има најмалку по еден лек без разлика во цена (без доплата).