Г-7 е подготвена да ги зајакне санкциите против Русија

Земјите од Г-7 ја предупредија Русија дека се подготвени да ги зајакнат санкциите во случај на ескалација во Украина, пренесе „Франс прес“, цитирајќи го коминикето објавено на крајот на вонредната средба на високо ниво на Г-7 во Хаг.

Потврдувајќи ја одлука да не учествуваат на закажаниот самит на Г- 8 во рускиот град Сочи, овие земји предупредија дека ќе воведат „координирани санкции за одделни сектори што ќе имаат се повеќе значителни последици за руската економија, ако Русија продолжи со оваа ескалација“.

Г-7 планира да одржи самит во Брисел во јуни, а не како што беше предвидено во Сочи и во форма Г- 8 , забележува „Ројтерс“.

„Изгледа има согласност за најважните сектори во кои можат да бидат наметнати санкции: енергетиката, банките и финансии, оружјето …“, посочи висок американски претставник, кој побара анонимност, коментирајќи ги евентуалните санкции што Г-7 може да и ги наметне на Русија, ако ескалацијата во Украина продолжи, пренесе „АФП“.

„Усвојувањето на слични санкции негативно ќе влијае на целата економија и секој признава дека за тоа се плаќа цена. Само оваа цена ќе биде многу повисока за Русите, кои ќе изгубат повеќе од изолација на глобално ниво“, додал истиот анонимен извор на „АФП“.

„Дипломатските патишта за смирување на ситуацијата остануваат отворени и ние ја охрабруваме руската Влада да ги искористи“, стои во коминикето на Г-7 , повикувајќи ја Москва да започне преговори со Украина и да ги прифати предлозите за меѓународно посредување.

Раководителите на Г-7 нема да учествуваат во Г- 8, додека Русија не го промени своето однесување и додека се обнови средината, погодна за конструктивен дијалог.

„Земјите од Г-7, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД, ја потврдија својата поддршка за украинскиот народ , кој се стреми да закрепне единството, демократијата, политичка стабилност и економски просперитет“, се наведува во коминикето од самитот на Г- 7 во Хаг , каде денеска завршува самитот за нуклеарна безбедност.

Г-7 не можеш да ја исклучи Русија од Г-8, бидејќи таква постапка не постои. На земјите од Г- 7 им се наметнува да најават дека запираат сопственото учество во Г-8 за да се замрзне овој формат, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

Групата од осум (Г-8), порано Г-6 или група од шест и Г-7 или група од седум, претставува форум формиран во 1975 година од страна на Франција, за владите на шесте најбогатите земји во светот: Франција, Германија, Италија, Јапонија, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави. Во 1976 година, Канада се приклучува на групата, со што се создава Г-7. Во 1997 година се приклучува и Русија, со што се создава Г-8. Иако Европската унија е претставена во рамките на Г-8, таа не може да биде домаќин или претседавач.