Филантропите Бил и Мелинда Гејтс во своето традиционално годишно писмо порачале дека се оптимисти околу иднината на сиромашните и болните во светот, предупредувајќи на трети митови кои што ги рушат напорите светот да се извлече од сиромаштија.
Во шестото писмо по ред, кое во изминатите години беше фокусирано на активностите на фондацијата „Гејтс“, најголемата хуманитарна фондација во светот, тие се обидуваат да ги срушат предрасудите дека сиромашните земји се осудени да останат сиромашни, дека странската помош е фрлање пари и дека спасувањето на живот води кон прекумерен раст на населението.
„Помошта за здравството е феноменална инвестиција. Кога гледаме дека многу помалку деца умираат за разлика од пред 30 години и дека се’ повеќе луѓе живеат подолго и поздраво, многу сме оптимистички во врска со иднината“, смета филантропската двојка.