Генералот Вотел предупредува на закана од ИД во Сирија додека САД се подготвуваат за повлекување

(Photo by Win McNamee/Getty Images)

Американскиот генерал Џозеф Вотел предупреди во вторникот дека Исламската држава (ИД) претставува трајна закана по планираното американско повлекување од Сирија, изјавувајќи дека оваа ултрарадикална исламистичка групација ги задржала челнциите, борците и ресурсите кои ќе се разгорат во заканувачки бунт.

Изјавата на генералот Џозеф Вотел, шеф на Централната команда на американската војска одговорна за Блискиот исток, претставува последното предупредување на сегашни и поранешни американски функционери од опасноста да оживувањето на Исламската држава по планираното американско повлекување од Сирија коешто во декември го нареди претседателот Доналд Трамп. Неговата одлука предизвика и ретко гласно противење од редовите на неговата Републиканска партија.

„Мораме да го задржиме притисокот врз оваа мрежа … Тие се способни да се вратат доколку тоа не го сториме“, рече Вотел пред сенатската комисија за вооружените сили. Додаде дека сепак територијата којашто ја контролира Исламската држава е намалена на помалку од 5.180 хектари, како и дека над неа ќе преземат контрола силите кои ја имаат поддршката од САД пред американското повлекување, коешто, како што вели, ќе биде спроведено на „промислен и координиран начин“.

Генералот Вотел во Сенатот рече дека не бил консултиран пред ненадејната одлука на претседателот Трамп за повлекувањето на околу 2.500 војници од Сирија, што предизвика предвремена отставка на министерот за одбрана на Џим Матис.

Сенатот, во кој доминираат републиканците, во понеделникот го поддржа главно симболичниот закон за противење на секакво нагло повлекување на војниците од Сирија, но и од Авганистан за што одлука донесе претходиот демократски претседател Барак Обама. Во него се предупредува дека „прераното повлекување“ може да го дестабилизира регионот и да „создаде вакуум кој може да го пополнат Иран или Русија“.

Сепак Вотел изјави дека Исламска држава, која претходно држеше под конторла големи територии во Сирија и Ирак, сега е на раб на пропаст. Неговата процена беше дадена во во писмена изјава до Комисијата за вооружените сили на американскиот Сенат, каде што сведочеше за состојбата во подрачјето коешто е под негова одговорност.

Вотел ги пофали напорите на ирачките сили за безбедност и коалицијата на сириските борци кои имаат американска поддршка, групата Сириски демократски сили (SDF) и ја истакна важноста на нивната борба против џихадистите и додаде дека американските сили ќе се повлечат од Сирија.

Рече дека успесите на бојното поле во Ирак и Сирија мора да бидат обезбедени со континуирани американски и меѓународни напори за да се спречи враќањето на условите што овозможиле зајакнување на џихадистите на Исламската држава.

Извор близок на претседателот Доналд Трамп рекол за Reuters дека американскиот челник во својот говор за состојбата на нацијата подоцна ноќта кон средата по македонско време ќе ја прогласи Исламската држава речиси поразена, како и дека ќе зборува за повлекувањето од Сирија.