
Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, го поддржа изборот на Христијан Мицкоски за нов лидер на партијата.
Првиот претседател на партијата и поранешне премиер во периодот од 1998 до 2002 година, кого во 2003-та го наследи довчерашниот лидер Никола Груевски, на својот Фејсбук профил сподели дека треба да му се даде шанса на новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Христијан Мицкоски од сите имиња што беа кандидати за претседател на ВМРО-ДПМНЕ сепак е најнекомпромитиран, неизвалкан со афери, најенергичен и конечно најхаризматичен. Христијан има шанса да остави свој печат во Вмро. Треба да му се даде шанса…“, напиша Георгиевски на својот ФБ профил.
Мицкоски беше избран за нов лидер на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и доаѓа на местото на Никола Груевски. Од 438 пријавени делегати на конгресот, 376 гласале за изборот на Мицкоски, додека 52 ливчиња се неважечки.