ГЕРБ ќе победи на изборите, според анкетата на „Тренд“

Седум партии ќе влезат во парламентот по предвремените парламентарни избори во Бугарија на 2 октомври. Ова го покажуваат резултатите од анкетата на социолошката агенција „Тренд“ нарачана од „24 Часа“.

Истражувањето покажува дека ГЕРБ во однос на јули го зголемила водството пред „Продолжуваме со промената“  за 5 проценти. Тие што најавија дека сигурно ќе гласаат се 52%. За партијата на Бојко Борисов ќе гласаат 24,4 отсто, а за „Продолжување на промената“ својот глас ќе го дадат 19,6 отсто, што е пад од речиси 2 процентни поени за само еден месец.

Битката за третото место е се потесна и поцврста. ДПС ја задржува оваа позиција, која ја имаше и во јули, но „Преродба“ успеа да го намали заостанувањето на 0,3 процентни поени. За ДПС ќе гласаат 10,6 отсто, а за партијата на Костадин Костадинов 10,3 отсто.

Во следниот парламент ќе влезат исто така и БСП (8,6%), „Демократска Бугарија“ (7,3%) и „Бугарски подем“ (4,5%). Од овие партии само „Демократска Бугарија“ ги зголемила своите гласачи во однос на јули. ИТН од водечка партија е на пат да ја снема од политичката сцена.