Германија настојува да започне енергетски проекти со Сенегал, изјaви канцеларот Олаф Шолц во неделата во текот на неговото прво патување во Африка во периодот кога Западот сака да се ослободи од големата зависност од руските енергенси а војната во Украина ги крева цените на енергијата и храната.
Шолц својата тридневна посета на Африка ја започна во Сенегал, земја чиишто резерви од природен гас се проценуваат на милијарди кубици и се очекува дека ќе стане голем производител на гасот во африканскиот регион, откако разговорите на Германија со Катар не се многу ветувачки во смисла на настојувањата на Берлин значително да го намали увозот на рускиот гас.
„Германија настојува да ја намали зависноста од рускиот гас поради инвезијата во Украина. Започна разговори со сенегалските власти за црпење и претворање на течен природен гас“, рече Шолц.
„Тоа е прашање за коешто вреди сериозно да се занимаваме“, рече германскиот канцелар на заедничката прес-конференција со сенегалскиот претседател Маки Салл и додаде дека на „двете држави во интерес е разговорите да напредуваат“.
Шолц, исто така, рече дека Германија е заинтересирана и за сенегалскиот проекти со обновлива енергија.
Сенегалскиот претседател Салл, од своја страна, кажа дека неговата земја е подготвена да работи на снабдувањето на европскиот пазар со течен земен гас (LNG). Според неговите процени, Сенегал ќе произведува 2,5 милиони кубни метри гас следната година, и 10 милиони тони до 2030 година.
Кога станува збор за истражувањата поврзани со природниот гас, финансирање проекти и други прашања, Салл рече дека сѐ ќе биде земено предвид, како и дека „има волја да соработува со Германија во овој контекст“.
За војната во Украина
Шолц ги поканил Сенегал, кој е актуелен претседавач со Африканската унија, и Јужноафриканската Република, да бидат гости на собирот на седумте индустриски најразвиени земји во светот Г7 кој ќе се одржи во јуни во Германија.
На тој собир треба да се влијае врз овие две африкански земји кои беа воздржани на гласањето на американско-албанската резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации против руската инвазија во Украина. Сенегал, а особено Јужноафриканската Републија преку организацијата БРИКС, имаат соработка со Русија и Кина.
Како претседавач со Африканската унија, Салл рече дека многу африкански земји не сакаат да избираат страна во руско-украинската вкна, иако осудувале инвазија.
„Многу е јасно – сакаме мир. Работиме на деескалација, прекин на огнот, дијалогот… тоа е ставот на Африка“, рече сенегалскиот претседател, а Салл притоа рече дека следните седмици ќе ги посети Москва и Киев.
Судирот во Украина, која е голем донабувач на житарки, храна и земјоделски препарати, како и Русија која е под жестоките западни санкции, предизвика прекини во испораките поради што се зголемија цените на храната и енергијата во светот, вклучително и во Африка.
„Му изразив голема загриженост на канцеларот Шолц поради влијаниете на војната“, рече Салл и побара меѓународна помош за да се ублажат последиците коишто Африка ги трпи.