Првиот смртен исход како последица од зараза со новата омикрон варијанта на коронавирусот е идетификуван во Германија, соопшти во четвртокот референтниот Институт „Роберт Кох“.
Според табелата, којашто е објавена на мрежната страница на Институтот на којашто се објавува дневната динамика на заразеноста со омикрон сојот во земјата, починал маж во возрасната група од 60 до 79 години. Други поединости не се дадени.