Сојузнара влада на Германија, како и владите на сојузните покраини, постигнале согласност за плановите за забрана на сите масовни јавни настани најмалку до 31-ви август годинава.
Информацијата во средата ја објави весникот Bild, повикувајќи се на своите извори, додека попладнето германската канцеларка Ангела Меркел со премиерот на сојузните покраина дискутира за ситуацијата со епидемијата во земјата и мерките кои се преземаат за нејзино сузбивање.
Медиумите, исто така, пред завршувањето на состанокот во Берлин објавија дека властите имаат намера „настојчиво да препорачуваат“ носење на заштитни маски во јавниот превоз и во продавниците, но тоа нема да биде задолжително. Најмалку до 3-ти мај на сила ќе останат ограничувањата за социјалните контакти, дознаваат медиумите. Меѓу можните исклучоци се наведуваат одобрувањето за работа на продавниците чиишто површини не се поголеми од 800 квадратни мерки.