Германската канцеларка Ангела Меркел, денеска апелираше кон граѓаните да се вакцинираат, и покрај тоа што таа го одби воведувањето на задолжително вакцинирање на Германците.
„За да го спречиме ширењето на агресивната варијанта на вирусот потребно е 85 проценти од граѓаните да бидат вакцинирани. Моментално сме далеку од тие бројки. Го повикувам целото население да се вакцинира“ изјави Меркел во посетата на институт за епидемиологија Роберт Кох
Таа истакна дека Германија нема да ја следи политиката на Франција, која соопшти дека ќе воведува задолжително вакцинирање, додавајќи дека со зголемувањето на бројките на вакцинирано население, државата лесно ќе се соочи со новиот бран на Ковид-19.