
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека Европската унија ќе разгледа практични решенија за границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска по брегзит, но без да го ревидира веќе потпишаниот договор за повлекување на Велика Британија од Унијата.
– Ако најдеме практично решение како да го задржиме договорот и истовремено да ги дефинираме границите на внатрешниот пазар на Европската унија, повеќе нема да ни треба бекстоп, рече Меркел за време на посетата на Исланд, истакнувајќи дека ЕУ е подготвена да најде решение.
Германската канцеларка ќе се сретне со британскиот премиер Борис Џонсон утре во Берлин.