Рускиот опозициски блогер и борец против корупцијата Алексеј Навални, кој на Западот се доживува како наводен лидер на руската опозиција против претседателот Владимир Путин, бил отриен со нервниот гас кој популарно го нарекоа „новичок“, објави во средата германската влада.
Навални кој од болницата во Омск беше префрлен во берлинската болница „Шарите“ откако ненадејно му се слишило на летот од Томск кон Москва, сѐ уште е во индуцирана кома.
Претходно болницата „Шарите“ рече дека во телото на Навални три лаборатории откриле присутво на супстанција инхибитор на ензимот холинестераза, која се наоѓа во некои лекови, како во оние за деменција, но и во пестициди и во нервни агенси. Лекарите од Омск, кои се повикуваа исто така на три независни лаборатории соопштија дека такви супстанции не се откриени кај Навални, па затоа побараа размена со германските колеги на неговите биоматеријали земени во Германија и во Русија. Со тоа би се споредило новното вистинско потекло, но до таква размена на биоматеријалите на Навални досега не дојде.
„Токсиколошките тестови на Алексеј Навални спроведени во германска воена лабораторија дале несоборливи докази дека тој е отруен со новичок. Сојузната влада ќе ги извести партнерите во ЕУ и во НАТО за резултатите на истрагата. Со партнерите ќе дискутираме за соодветен заеднички одговор“, се истакнува во соопштението на владата на Германија.
Германската влада од руската побарала итно расветлување на овој случај кој „најостро го осудува“. „Шокантно е што Алексеј Навални станал жртва на напад со хемиски боев отров“, се наведува во соопштението на официјален Берли.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во меѓувреме изјави за медиумите дека Москва не добила никаква официјална информација од Берлин за нејзините заклучоци во врска со труењето на Навални со „новичок“. Песков притоа истакна дека Москва и натаму ги очекува од Германија одговорите на барањата на руското Државно обвинителство, како и дека Русија повеќепати нагласи дека е заинтересиран целосно да се разјасни што се случило со Навални.
Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт истовремено изјави дека владата „најрешително го осудива овој напад“ и дека за тоа ќе биде информиран рускиот амбасадор во Берлин, како и лекарите на Навални и неговото семејство. Според него, Германија и партнерските земји ќе преземат мерки „во зависност од реакцијата на Москва“. „Итно бараме изјава од руската влада во врска со овој случај“, истакна портпаролот на германската влада.
Канцелартка Ангела Меркел веднаш се сретнала со вицеканцеларот Олаф Шолц, челниците на министерствата за надворешни и за внатрешни работи Хаико Маас и Хорст Зехофер, министерките за правда и за одбрама Кристине Ламбрехт и за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер, како и за челникот на одделот на канцеларскиот кабинет Хелге Брауен и биле договортени чекори во врска со новите податоци. За попладне е најавено обракање на министрите Маас и Крамп-Каренбауер.