
Директорот и главен и одговорен уредник на ТВ Телма, Атанас Кировски, вели дека треба да се бара некое чаре за излез од сегашната криза, но избори на 5 јули не може да бидат чаре. Во спротивно, ќе гласаат околу 30 проценти, односно оние кои не веруваат дека има Ковид-19, а тоа значи дека тие што размислуваат нормално нема да излезат на избори.
Своето размислување Кировски го објави на Фејсбук.
„Во моментов имаме математичка прогресија на пораст на инфицирани -денес бројката новоинфицирани ќе биде над 170!!! Оваа бројка е веќе тенденција на експоненцијален раст. Во такви услови мора државата да бара некое чаре -избори на 5 јули не може да бидат чаре. Во вакви услови одѕивот ќе биде под 30 проценти, а за иднината на државата ќе решаваат само оние што не веруваат дека има Ковид, што мислат дека сево ова е некаков заговор заради 5Г технологија, дека не прскаат со алуминиум и сл…. Мора да се овозоможи изборен процес на кој својот глас би го дале и оние кои нормално размислуваат, а тие во вакви услови сигурно нема да излезат на гласачко место и да си го ризикуваат здравјето. Значи брзо некаков план Б – бидејќи планот А дефинитивно пропаѓа од сите аспекти. Не сакам да прогнозирам што не чека ако тераме со експоненцијален раст заразени….“, напиша Атанас Кировски.