Го изнудувал и тепал својот колега за пари

изнуда

Имено, пријавениот во периодот од 23.08.2015 година до 14.10.2016 година, употребувајки сериозни закани, телефонски и лично му се заканувал на оштетениот, триесетиедногодишен скопјанец, дека ќе му наштети на него и неговото семејството доколку не му давал секој месец парични средства во висина од 1.000 до 10.000 денари

Пријавениот и оштетениот од август минатата година работеле заедно во супермаркет во Тафталиџе, по што почнале и да се дружат. Откако пријавениот во ноември 2015 година го прекинал работниот однос во супермаркетот, му се јавил на оштетениот и му побарал пари, како позајмица со изговор дека му требаат за лекување на неговиот татко, а оштетениот му дал 1500 денари. Оттогаш пријавениот почнал секој месец, па се до денот на пријавување на настанот, да му бара парични средства на оштетениот со закана дека доколку не му даде пари ќе му наштети на него и на неговата фамилија, така што оштетениот од страв за себе и својата фамилија бил принуден постојано да му дава парични средства, но за тоа не кажувал на никого.

Во јули годинава пријавениот отишол на работното место на оштетениот со намера да му земе пари, но откако оштетениот му кажал дека нема, Н.Б. го фатил за раце и од џебот му го извадил и го одземал мобилниот телефон, по што ја извадил сим картичка и му ја вратил.

Исто така минатиот месец пријавениот телефонски му се јавил на оштетениот и му побарал пари или од мобилара лоцирана во Градски трговски центар Скопје да набави два мобилни апарати заедно со сим картички, а доколку не го стори истото му се заканил дека ќе го повреди. Подоцна оштетениот ги набавил мобилните апарати и му ги дал на пријавениот.

Повторно, на 13 овој месец пријавениот телефонски му се јавил на оштетениот и му кажал да дојде кај трговскиот центар лоциран во Општина Карпош и да му даде 1.000 денари, за што оштетениот дошол на договореното место, но му кажал на Н.Б. дека нема пари. По ова пријавениот почнал да го удира со клоци и тупаници во пределот на главата и телото, нанесувајки му видливи повреди. По нанесенате повреди оштетениот побарал помош во медицинска установа.

Следниот ден (14.10.) пријавениот телефонски го побарал оштетениот и повторно му побарал 1.000 денари а доколку не му ги даде му се заканил дека ќе биде полошо од претходниот ден, за што оштетениот исплашен за неговиот живот како и неможејќи повеќе да ги поднесе физичкото и психичкото малтретирање и заканите од страна на пријавениот, настанот го пријавил во полиција.

Од страна на Одделението за насилен криминал при СВР Скопје земен е записник за примање на кривична пријава и превземени се оперативно-тактички и технички мерки за фаќање на сторителот и документирање на случајот. Притоа, од страна на полициски службеници од Единицата за наслилен криминал и ЕПОИ-Алфа, пријавениот е лишен од слобода, при што пронајдени се и со потврда за привремено одземени предмети одземени му се две банкноти од 500 денари, а од страна на ЕУМНА при СВР Скопје истите се фотографирани.изнуда